full screen background image
Search

Вечерно Кино: Range Rover Sport SVR на Rockingham тркачката патека!

Големите теренци не припаѓаат на тркачките патеки, но тука е SVR верзијата на Range Rover Sport која ќе проба да Ве убеди во во спротивното!

Преку ова видео, главниот инженер за интегритет на возилата на Jaguar Land Rover (извонредна титула, зарем не?) ни ги демонстрира различните динамични системи на автомобилот како што вози на Rockingham тркачката патека. Главната измена е новиот заден активен диференцијал и подобрен систем за векторирање на вртежниот момент кој цело време го балансира распределувањето на вртежниот момент за време на влегувањето во свиоци. Овој модел може да се пофали и со Brembo кочници и уште многу други детали.

Моќта доаѓа од компресорскиот 5-литарски V8 бензинец кој испорачува 550 коњски сили и 680 Nm вртежен момент. Моќта се пренесува кон сите четири тркала преку 8-степен автоматски менувач кој му овозможува на автомобилот да постигне 100 километри на час за 4.5 секунди и да забрзува сè до електронски-ограничената максимална брзина од 260 километри на час.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.