Lexus најавува нов F-модел, најверојатно новиот GS F! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lexus најавува нов F-модел, најверојатно новиот GS F!

Јапонскиот луксузен огранок на Toyota го најавува следниот F-модел! Според очекуваното, тоа најверојатно ќе биде нивниот конкурент на BMW M5 – моделот GS F!

Lexus веќе најави дека ќе додаде втор F-модел во своето портфолио кој ќе му се придружи на спортското RC F купе. Од Lexus веќе потврдија дека автомобилот ќе се појави на саемот на автомобили во Детроит следниот месец.

lexus-gs-f-teaser2

Од она што можеме да го видиме на најавните фотографии, најверојатно се работи за Lexus GS F – моделот кој ќе треба да му конкурира на BMW M5. Можеме да забележиме малку изменети предни светла со дневни светла кои личат на оние кај NX, како и поагресивен преден браник и нови тркала. Моќта би требало да доаѓа од 5-литарски V8 кој ќе испорачува околу 500 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.