full screen background image
Search

Горивата поевтинуваат за два денари по литар!

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи дека од вечерва  на полноќ бензините и дизелот ќе поевтинат по два денари за литар!

Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените, малопродажните цени се намалуваат во просек за 3.78 проценти.

Преведено во цени, тоа значи дека од вечерва на полноќ цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ се намалуваат по два денари, и еден литар од овие горива ќе се продава по цена од 70.00, 71.50, односно 60 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.