AC Schnitzer подготви специјална верзија на BMW X4 за германската полиција! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

AC Schnitzer подготви специјална верзија на BMW X4 за германската полиција!

Новиот BMW X4 доби специјален третман од добро-познатите тјунери од AC Schnitzer – тие го трансформираа компактниот кросовер во полициски крстосувач!

Модифицираниот X4 е дел од Tune It! Safe! кампањата на германската асоцијација на автомобилски тјунери (VDAT) која оваа година го слави својот десетти роденден. Претставен на автомобилското шоу во Essen, модифицираниот X4 е специјален концептен автомобил кој комбинира тјунинг на изгледот и перформансите со максимални безбедносни стандарди.

„Полициската“ изведба доби надградба од 184 на 242 коњски сили, и сега му се потребни 6.7 секунди до 100 километри а максималната брзина е 212 килоемтри на час. Секако, преработена е и суспензијата и сега автомобилот е 30-тина милиметри поблиску до подлогата, а вграден е и аеро пакет со нови спојлери, заден дифузер и карбонски детали. Заменети се и тркалата – со големи 22-инчни AC Schnitzer Type V ковани фелни обвиени во Hankook Ventus S1 EVO гуми.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.