full screen background image
Search

MTM Audi S8 Talladega – Луксузен über-седан со 760 коњски сили!

Тјунерите од Motoren Technik Mayer се вистински експерти кога станува збор за моделите на Audi, а нивната најнова креација нуди цели 760 коњски сили!

Ниту Audi ниту BMW не ги следат чекорите на Mercedes-Benz кога станува збор за супер-седани со високи перформанси – ниту еден од германските конкуренти на Mercedes-Benz немаат вистински конкурент на S63 и S65 AMG. Но затоа се тука тјунерите кои можат да понудат навистина многу.

Во овој случај, луѓето од MTM сметаат дека „многу“, односно „доволно“ се 720 коњски сили во форма на Audi S8 Talladega. Фабрички, Audi S8 нуди 520 коњски сили од својот твин-турбо 4-литарски V8 бензинец. Тие бројки за луѓето од MTM биле одлична основа за понатамошната работа – па благодарение на новите делови и новиот софтвер, моторот сега наместо 520 коњски сили сега испорачува 760 коњски сили и цели 945 Nm вртежен момент!

MTM S8 Talladega забрзува од 0 до 100 километри на час за 3.48 секунди а ја надминува брзината од 200 километри на час за 10.5 секунди и продолжува да забрзува се до електронски ограничените 325 километри на час. Според MTM, ограничувањето е заради пневматиците – инаку максималната брзина би  изнесувала 350 километри на час.

Цената на Audi S8 Talladega (во Германија) би била околу 190.000 евра. Сосема прифатливо, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.