full screen background image
Search

Пристигна новиот Exide Premium Carbon Boost акумулатор!

Новиот премиум акумулатор на Exide од денес е достапен кај сите дистрибутери на брендот низ Македонија!

Новиот Exide Premium Carbon Boost ветува значително побрзо полнење,а тоа се должи на новата Carbon Boost технологија – важен пронајдот од погоните за истражување и развој на Exide. Технологијата е првенствено развиена за Start-Stop AGM и EFB акумулаторните, а се базира врз долгогодишното искуство, истражување и експериментирање. Уникатниот јаглероден адитив придонесува кон подоброто полнење и значително намалување на времето потребно за полнење.

carbon-boost

Според она што ни го кажуваат од Exide, стандардните акумулатори страдаат од наталожување на сулфатни честички на негативните плочки за време на празењето. Овој не-спроводлив слој го отежнува повторното полнење бидејќи значителен дел од енергијата се троши на чистење на сулфатниот талог. Exide дојде до иновација, односно одредени јаглеродни адитиви кои значително ја подобруваат спроводливоста. Овој ефект го забрзува растворувањето на сулфатните честички и благодарение на тоа, и подобро полнење.

Premium Carbon Boost акумулаторите се предвидени за најдобрите возила со моќни мотори и многу опрема. Идеални се за возења со често застанување, како и кратки патувања кои се вообичаени за урбаното возење, како и за возење во екстремни температури. Новиот продукт нуди 30% повеќе стартна сила и е најнапреднатиот конвенционален акумулатор на пазарот.

Новите Exide Premium Carbon Boost веќе се достапни кај дистрибутерите на брендот низ Македонија. За да дознаете повеќе посетете ја веб-страницата на Exide и следете ја нивната фан-страница на Facebook.

За Exide

Exide акумулаторите се производ на еден од најголемите и најпознатите светски произведувачи на акумулатори, Exide Technologies – USA. Прозводството на акумулатори во Европа е поделено во 4 фабрики: (Италија, Полска, Шпанија и Германија). Exide акумулаторите се користат при првата инсталација кај следните произведувачи на возила: FIAT, BMW, Renault, Toyota, Ford, Volkswagen, Iveco, Volvo Trucks, Scania, JCB, Claas, итн. Во Македонија, Exide е присутен од 2008 година.

Сите акумулатори се произведени во согласност со најновите технологии и стандардни, кои целосно се во согласност со квалитетот на оригиналните резервни делови.

Извор: PR Exide



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.