Грст нови модели на Nissan пристигнаа во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Грст нови модели на Nissan пристигнаа во Македонија!

Викендов неколку нови модели на Nissan – новиот Pulsar, како и новите Juke и X-trail – пристигнаа и беа претставени во новоотворениот салон на брендот!

Новите модели на Nissan ветуваат динамичност и иновативност, а беа прикажани по неколку примероци на X-Trail, Juke и новиот Qashqai. На наше изненадување, ги видовме и новиот натпреварувач на Nissan во класата на компактни хечбекови – Pulsar – како и најмалиот модел во европската понуда на брендот – малата Micra. Новиот Pulsar пријатно не изненади со просторната понуда и со нетрпение чекаме да седнеме зад воланот. Вниманието ни го привлече и новиот X-Trail кој сериозно отстапува од она што го нудеше досегашниот модел.

nissan-pulsar

Освежениот Nissan Juke како и секогаш се истакнува меѓу моделите на Nissan благодарение на несекојдневниот дизајн. Иако не е по сечиј вкус, сепак мораме да признаеме дека едноставно не може а да не ви го привлече погледот. Новиот Juke носи спортски дизајн и доработен ентериер, но и со поголем капацитет на багажникот од 40%, а нуди и многу можности за персонализација.

nissans

Секако, интересен е и новиот Qashqai кој веќе неколку месеци се нуди кај нас. Кросоверот на Nissan е во својата втора генерација и како и претходникот, и новиот модел се покажува како интересен за купувачите. Тука е и поголемиот брат – X-Trail – кој визуелно наликува на Qashqai, но нуди повеќе од сè – и повеќе простор, и помоќни мотори, и повеќе опрема. X-Trail нуди опција за седум седишта и флексибилни опции за багажниот простор, а тоа ветува многу за семејните потреби на купувачите.

nissan-xtrail

Nissan ги кани сите да го посетат новиот салон во следниве три викенди за да ги разгледаат моделите, да го повозат моделот кој им го привлекува вниманието, а со себе да го понесат и своето семејство за да се уверат во семејните квалитети на моделите кои се нудат.

Поврзано:  Nissan го враќа Nismo во Европа со спортската Ariya

Фотографија: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.