Audi го освежи малиот А1; за прв пат ќе се вградуваат мотори со три цилиндри – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi го освежи малиот А1; за прв пат ќе се вградуваат мотори со три цилиндри

Најмалиот член на фамилијата на Audi го доби своето планирано освежување – покрај затегнатите брчки, малиот автомобил ќе добие и нови мотори – ќе се вградуваат и мотори со три цилиндри!

Измените на прв поглед делуваат незначителни, но малиот автомобил сега е 2 сантиметри подолг во однос на претходникот. Сигурни сме дека тоа е само во предниот или задниот надвисок, но новиот А1 добива редизајнирана предна маска на ладилникот и нови светлосни структури напред и назад кои влечат инспирација од спортскиот S1, како и нови опции за бои. Во ентериерот има мали измени, но најважните промени се под поклопецот на моторот.

За прв пат ќе се вградуваат мотори со три цилиндри во најмалиот модел на Audi. Основниот модел ќе биде 1-литарскиот TFSI со 95 коњски сили кој ветува потрошувачка од само 4.3 литри на 100 километри. Нов е и 3-литарскиот 1.4 TDI со 90 коњски сили. Овој мал турбодизел ветува потрошувачка од само 3.4 литри на 100 километри. Според Audi; сите шест мотори кои ќе се вградуваат во А1 се или целосно нови, или значително подобрени верзии на минатите мотори.

Покрај новите мотори, А1 ќе добие и нов електромеханички систем за управување кој „нуди оптимална асистенција во сите ситуации“. Според Audi, новиот систем ја намалува асистенцијата како што се зголемува брзината.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.