BMW претстави M Performance додатоци за M3 и M4! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW претстави M Performance додатоци за M3 и M4!

Баварскиот производител претстави дополнителни M Performance додатоци за M3, M4 и M4 Convertible – еден од новите додатоци е управувач со вграден дисплеј!

Меѓу новите M Performance додатоци кои ќе бидат достапни за M3, M4 и M4 Convertible се карбонски додатоци за предниот браник, преден додаток од полиуретан, карбонски заден дифузер и заден спојлер. Полиуретан е искористен и за додатоците на страничните прагови и задниот спојлер. Интересни детали во три бои се достапни за сите три модели.

Внатре во кабината најважен новитет е M Performance управувачот обвиен во алкантара и карбон, со вграден тркачки дисплеј. Дисплејот нуди информации за степенот на преност и за забрзувањето. Во Sport режимот на работа му дава на возачот штоперка, додека во Race режимот го кажува времето за една етапа на тркачката патека.

BMW исто така ќе понуди нови завршетоци за издувниот систем кои користат оптимизирано насочување на издувните гасови за да понудат поемоционален звук и да ги истакне перформансите на би-турбо шест-цилиндерскиот мотор.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.