full screen background image
Search

Иџе го зема пехарот за европскиот шампионат!

Иџе беше вистинска ѕвезда на прогласувањето на најдобрите возачи на ридски паетки во Европа – гордоста на македонскиот автомобилизам го доби заслужениот пехар!

Во Тулвиц, Австрија се одржа гала-свеченос за доделувањето на наградите за најсупешните на ридско – брзинските натпревари на европско тло кои се во организација на Светската автомобилистичка асоцијација – ФИА. На настанот главна ѕвезда беше нашиот најдобар автомобилист Игор Стефановски Иџе кој го доби драгоцениот пехар како Европски шампион на ридски патеки во категоријата 1 откако триумфално го заврши својот пат до најголемиот успех во кариерата и во македонскиот автоспорт воопшто победувајќи на 8 од 12-те трки од шампионатот.

Иџе ги доби почестите и честитките од сите присутни, а дури и официјалниот преставник на ФИА во поздравниот говор за присутните го оцени нашиот возач како еден од најголемите таленти што се појавил во последниве години и дека е вистинско освежување на европските ридски патеки.

pehar

„Пресреќен сум и презадоволен од целиот престој и манифестацијата во Австрија. Од пречекот до самиот настан не третираа како вистински ѕвезди. Врвот беше кога ми го доделија трофејот и во тој момент ја пуштија македонската химна, а позади на бината се вееше големо македонско знаме. Потоа, во неформалниот дел од вечерта, сите присутни ми честитаа, од претставниците на ФИА, моите конкуренти од патеката како и организаторите на сите трки од европскиот шампионат истакнувајќи дека од сите нив имам специјална покана за учество за идната сезона и дека ќе им биде посебна чест ако и догодина учествувам во ова натпреварување“ – изјави Иџе.

„Насекаде во сите плакати, официјални програми, банери и флаери за манифестацијата главна беше сликата од моето возило, па дури и официјалните возила кои ги превезуваа гостите од хотелот до салата за прогласување беа брендирани со сликите од моето возило и од болидот на Симоне Фаџиоли како шампион во категорија 2“ – додаде Стефановски.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.