full screen background image
Search

Пет ѕвездички на EuroNCAP за BMW 2-Series Active Tourer, Nissan Pulsar и Skoda Fabia!

Првиот модел на BMW со погон на предните тркала, новиот компактен хечбек на Nissan и новиот урбан автомобил на Skoda добија одлични оцени во најновата рунда тестирања на EuroNCAP.

Одлични резултати за трите нови модели на различните производители кои неодамна беа тестирани. Покрај овие три автомобили, беа тестирани и новиот Suzuki Celerio кој се произведува во Индија a ќе се продава и на Европскиот пазар, како и тековниот Renault Megane кој беше повторно тестиран по незадоволителните резултати добиени на минатото тестирање кога Megane освои само три ѕвездички.

BMW 2 Series Active Tourer

bmw-2-series-at

Првиот автомобил со погон на предните тркала имаше одлични резултати и освои пет ѕвездички. Според EuroNCAP патничката кабина останала стабилна во фронталниот удар. Поставените кукли индицираат добра заштита на нозете кај возачот и совозачот, но слаба заштита на долниот дел на нозете на возачот.

Nissan Pulsar

nissan-pulsar

Новиот компактен хечбек на Nissan доби пет ѕвездички благодарение на одличните резултати. Заштитата за нозете на возачот и совозачот била добра и страничната заштита била добра, освен заштитата на градите која била оценета како адекватна. Предните седишта нудат ограничена заштита против несакано движење при заден судар.

Skoda Fabia

skoda-fabia

Чешкиот супермини градски автомобил освои пет ѕвездички. При страничниот удар во бариера, како и во посилниот страничен удар во столб, заштитата на градите и абдоменот беа оценети како адекватни, но заштитата на главата и пелвисот беа оценети како добри.

Renault Megane

renault-megane

Францускиот компактен хечбек се врати на повторно тестирање и освои четири ѕвездички – една повеќе во однос на тестирањето во Јули оваа година. Renault го ревидираше системот за потсетување за задните појаси и сега тој ги задоволува критериумите на EuroNCAP.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: BMW 8 Series Gran Coupe - Четири врати, три мотори и одличен дизајн!

Suzuki Celerio

suzuki-celerio

Малиот Suzuki Celerio имаше најлоши перформанси на тестирањата, за што сведочат трите освоени ѕвездички. Според тестирањата, долниот дел од нозете на возачот биле само маргинално заштитени. Автомобилот воопшто не се квалификувал за тестирање на страничен удар бидејќи страничните воздушни перници не се стандардна опрема, па поени не биле доделени воопшто за ова тестирање.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.