Познати финалистите за „Зелен Автомобил на Годината“ – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Познати финалистите за „Зелен Автомобил на Годината“

Green Car Journal ги објави финалистите кои ќе се борат за наградата „Зелен Автомобил на Годината“ која ќе биде доделена на 20-ти Ноември, на саемот на автомобили во Лос Анџелес!

Наградата за Зелен Автомобил на Годината е мошне интересна бидејќи ги истакнува производителите и моделите кои значително придонесуваат кон намалување на загадувањето. Green Car Journal ги објави петте финалисти кои ќе се борат за престижната награда – чест која е признаена како најзначајна еколошка награда во автомобилската индустрија. Интересно е што сè поголем број на возила се кандидати за наградата, што го покажува заложувањето на автомобилската индустрија кон еколошката прифатливос на нивнитеавтомобили.

Финалистите кои ќе се борат за престижната 2015 Green Car of the Year се Audi A3 TDI, BMW i3, Chevrolet Impala Bi-Fuel, Honda Fit (односно тоа што ние го познаваме како Honda Jazz) и Volkswagen Golf. Ова ќе биде јубиларно, десетто доделување на оваа награда.

chevy-impala-bi-fuel

Сите кандидати, освен Chevrolet Impala Bi-Fuel се нудат и на Европскиот пазар, па може да се каже дека оваа награда има значење и на стариот континент. Единствениот за нас непознат автомобил е токму Impala Bi-Fuel – автомобил кој комбинира погон на природен гас и на бензин.

Како што напоменавме, победникот ќе биде познат на 20ти Ноември.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.