Mazda 6 постави нов рекорд за просечна брзина во текот на 24-часовно возење! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mazda 6 постави нов рекорд за просечна брзина во текот на 24-часовно возење!

Три примероци на Mazda 6 опремени со дизел мотори поставика 20 нови FIA рекорди за брзина на ATP тестниот овал во Папенбург, Германија, за време на 24-часовно  маратонско возење!

Опремен со 2.2-литарскиот SkyActiv-D турбодизел (кој ние добро го запознавме кога неодамна ја возевме новата Mazda 6), еден од автомобилите постави просечна брзина од 221.072 километри на час во тек на 24-часовното возење. Рекордот е значително побрз од досегашниот во класата на сериски дизел возила со мотори со капацитет од 2 до 2.5 литри кој изнесуваше 209.824 километри на час. Истовремено, сите три возила поставија поставија други рекорди за просечна брзина.

Возилата поминаа повеќе од 5300 километри за време на 24-часовниот период и беа возени од страна на 23 различни возачи од седум различни европски земји. Меѓу возачите се најдоа професионалци, но и автомобилски новинари и автомобилски ентузијасти кои аплицираа преку кампања која Mazda ја започна минатиот Мај. Луѓето кои работеа во пит-стоповите беа луѓе кои се вработени во разни официјални сервиси на Mazda.

За време на возењата кои траеја по 90 минути, на возачите не им беше дозволено да возат еден позади друг и мораа да бидат исклучително внимателни на свиоците кои имаат и вертикален агол на двата краја на овалната  патека. На крајот на тестирањето, разликата во просечната брзина меѓу трите возила беше само 0.89 километри на час.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.