Веќе се нарачани 30.000 примероци од новата Opel Corsa! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Веќе се нарачани 30.000 примероци од новата Opel Corsa!

Луѓето од Opel се навистина горди на успехот кој новата Corsa го покажува, уште пред да се појави во продажните салони!

Иако сè уште не е пласирана на пазарот, новата Corsa веќе остварува успех – кажуваат луѓето од Риселхајм. 30.000 купувачи веќе се имаат одлучено за новата Corsa и го имаат додадено своето име на списокот. Нарачките започнаа во Август, а почетокот на продажбата треба да започне кон крајот на оваа година.

„Новата Corsa имаше одличен почеток. Иако возачите немаа прилика ни да ја видат ни во продажните салони, ниту пак да направат пробно возење, уште сега добиваме бројни нарачки. Тоа значи дека имаме комбинација од дизајн, технологија и цена“ -рече Kristijan Kispert, заменик-претседателот на продажниот и пост-продажниот сектор на Опел групацијата.

opel-corsa-rear

Интересно е што новата Corsa не е популарна само во Германија, туку и на пазарите како што се Велика Британија и Франција, додаде Кисперт. Новата Corsa пристигнува во салоните на поголемите пазари кон крајот на оваа година, а пласирањето на целиот европски пазар ќе биде извршено до крајот на Јануари 2015. Ние имаме информации дека новата Corsa ќе пристигне во Македонија до крајот на оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.