Утринска Гимнастика: Ken Block и ратрак против длабок снег и вешти сноубордери! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Ken Block и ратрак против длабок снег и вешти сноубордери!

Летото заврши, зимата доаѓа. Иако за повеќето ова звучи како лоша вест, Кен Блок и неговите другари сноубордери нè потсетуваат на добрите страни на забавата во снег!

Американскиот дрифтер го разбуди својот Ford F-150 RaptorTRAX од летниот сон и го однесе во ски центарот Baldface Lodge, во Нелсон, Британска Колумбија, за да го тестира како пратечко сноуборд возило заедно со атлетите Зак Хејл и Итан Дајс. Како што можеме да видиме, Ford-овиот “ратрак” без мака ги совладува препреките и угорниците на снежната подлога и изгледа многу интересно додека го прави тоа. Екстремните атлети дополнително го зачинуваат видеото со разновидни атракции и прелетувања преку возилото.

Погледнете го видеото и насладете се со доза од зимски адреналин од екстремните спортови!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.