full screen background image
Search

Concours d’Elegance официјално и во Македонија!

Од неодамна меѓународниот Concours d’Elegance е присутен и во Македонија, а вчера официјално беше претставен Concours d’Elegance Club – Македонскиот клуб кој има цел да го покачи нивото на ова интересно хоби и кај нас!

Како што кажуваат од самиот клуб, нивната цел е да се покачи нивото на хобито со историски автомобили во Македонија и преку организирано дружење на сите љубители на историските возила да придонесе кон бројот и квалитетот токму на овие легендарни возила.

Клубот веќе има остварено контакти со сопственици на историски возила од целиот свет и покажа спремност и искуство во одржувањето и реставрацијата на овие возила, па ќе се обиде истите искуства и настани да ги пренесе во Македонија. Клубот е формиран од страна на ентузијасти кои веќе се сопственици на историски возила и вклучени се автомобили, мотоцикли и реплики на спортски историски возила. Дел од автомобилите можевме да ги видиме на вчерашната прес конференција и самите да се увериме во квалитетот со кој се изработени.

Членството е отворено за секој вљубеник во автомобилите кој го сака ова хоби и се грижи за зачувувањето на локалното, но и светското културно и техничко наследство, а клубот ќе организира посети и присуства на автомобилски настани секоја година. Им посакуваме успех во понатамошната работа и од сега најавуваме безрезервна поддршка за секој настан кој клубот ќе го организира!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.