Галерија на денот: 2015 Miss Tuning Calendar – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Галерија на денот: 2015 Miss Tuning Calendar

Иако има уште неколку месеци до завршувањето на 2014, организаторите на Tuning World Bodensee веќе го завршија и објавија календарот за наредната година. Главната улога повторно ја има една прекрасна убавица, но автомобилите се ставени во последен план.

Победничката на последниот избор за Мис Тјунинг и девојката која ги краси дванаесетте месеци е 25-годишната Вероника Климовиц, а локациите за снимање на оваа фотосесија се саваните, плажите и уникатните Массаи луѓе во Кенија, Африка. Сепак, и покрај убавината на Вероника, неможевме да не го приметиме недостатокот на автомобили. Оние кои се тука, се ограничени на Porsche 911 рели, Fiat 124, Alfa Romeo Spider и неколку Сафари возила.

Фотосесијата е повторно дело на Макс Сим, а календарот може да се нарача по цена од 30 евра.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.