full screen background image
Search

Подарок за Американците од Италија – Ferrari F60 America

Ferrari подготви модел со кој ќе прослави 60 години присуство на Американскиот пазар и кој е наменет исклучиво за тамошните купувачи – новиот Ferrari F60 America!

Новиот модел очигледно е базиран на F12 Berlinetta и го носи истиот монструозен 6.2-литарски V12 кој испорачува 730 коњски сили. Сепак, автомобилите не се идентични – F60 America во трансформацијата го изгуби кровот, доби нова каросерија и нова боја, која е своевиден поздрав до Team America тркачките тимови.

ferrari-f60-america-rear

Тие 730 коњски сили се пренесуваат кон задните тркала, а забрзувањето до 100 километри на час трае околу 3 секунди – ова не е спор автомобил. Според најавеното ќе бидат произведени само десет примероци а секој ќе чини околу 2.5 милиони долари!

ferrari-f60-america-interior

Премиерата беше одржана минатата вечер на пригоден гала-прием во Beverly Hills. Каде инаку?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.