Премиера на Volkswagen Tristar; најава за следниот Transporter! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера на Volkswagen Tristar; најава за следниот Transporter!

Tristar концептот кој Volkswagen го претстави е базиран на актуелниот Transporter, но истовремено е најава и визија за следните генерации на популарниот модел!

Volkswagen кажува дека Tristar е мултифункционален како швајцарски војнички нож. Повеќенаменски, доверлив и прилагодлив на сите терени – Volkswagen претстави TriStar по повод 30-годишнината од првиот Syncro концепт. Моделот ги комбинира сите добри карактеристики на сегашниот Transporter со екстремни off-road способности и со флексибилниот товарен простор кој го прави Tristar одлично повеќенаменско возило.

Autodesk VRED Professional 2014 SR1-SP7

Tristar го имаше своето деби на специјализиран саем за комерцијални возила. Всушност, Tristar e пикап со проширена кабина и кратко меѓуоскино растојание со постојан погон на сите четири тркала, но и механичка блокада на диференцијалот на задната оска и со зголемено растојание од подлогата за 30 мм. Дизајнерите понудија возило со висока прецизност и со нов дизајнерски израз – остри завршни линии, LED светла и моќен и широк изглед.

Autodesk VRED Professional 2014 SR1-SP7

Товарот може да се дистрибуира на две одделни нивоа: подлогата е обложена со церада која е водоотпорна, а во товарниот простор е сместено и резервното тркало. Во внатрешноста има 20-инчна инструмент табла и систем за видео конференции направен како и аудио систем прилагодлив за возачот и за патниците кој всушност е наменет за состаноци во движење. За оние на кои им треба малку помош за да останат будни, во возилото дури има и еспресо машина!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.