BMW подготвува тркачка верзија од M6 Coupe во форма на M6 GT3! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW подготвува тркачка верзија од M6 Coupe во форма на M6 GT3!

Баварскиот производител најави планови да го „пензионира“ Z4 GT3 и на неговото место од 2016 да дојде нов модел базиран на M6 Coupe!

Сега за сега можеме да видиме само два цртежи од новиот тркачки автомобил, но од BMW потврдија дека автомобилот веќе е во развој и дека тестирањата на тркачките патеки ќе започнат во првата четвртина од следната година. BMW ќе започне да прима нарачки од потенцијалните купувачи во текот на 2015, а конкретната дата кога ќе бидат испорачани првите модели, како и цената ќе бидат дополнително објавени.

Директорот на BMW Motorsport – Jens Marquardt – изјави дека за на него, како директор на таа дивизија, постојат малку работи кои се повозбудливи од можноста да се развие целосно нов автомобил, каков што е BMW M6 GT3.

BMW-M6-GT3-2

„Карактеристиките на овој автомобил го прават преодреден да го наследи BMW Z4 GT3“ – додаде тој – „исто така, сакаме да демонстрираме кој е потенцијалот на BMW M возилата во моторспортот, токму со BMW M6 GT3. Едно е сигурно од првите скици – овој автомобил ќе има вистински wow-фактор!“

Секако, автомобилот ќе биде прилагоден за перформанси на тркачките патеки, а задолжен за неговото придвижување ќе биде модифицирана верзија на 4.4-литарскиот V8 турбо-бензинец кој се наоѓа кај стандардниот автомобил.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.