Honda HR-V доаѓа во Европа со 1.5-литарски бензински или 1.6-литарски турбодизел мотор – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Honda HR-V доаѓа во Европа со 1.5-литарски бензински или 1.6-литарски турбодизел мотор

Малиот кросовер на Honda пристигнува во продажните салони следната година, а купувачите ќе можат да одберат помеѓу неколку модерни и економични мотори.

HR-V беше прилично успешен модел за јапонскиот бренд, а и ние редовно го гледавме „коцкастиот“ автомобил со теренски амбиции по нашите улици. Кога ќе пристигне во салоните кон средината на следната година, купувачите ќе можат да изберат меѓу 1.5-литарски бензинец или 1.6-литарски турбодизел.

honda-hr-v-rear-side

Иако сега за сега нема објавено конкретни информации околу моќноста на овие мотори, се очекува дека i-VTEC бензинецот ќеиспорачува околу 130 коњски сили, додека 1.6-литарскиот i-DTEC турбодизел ќе испорачува 120 или 160 коњски сили – варијанти кои компанијата веќе ги нуди во Civic, односно CR-V.

honda-hr-v-rear

Моторите стандардно ќе се нудат со 6-степен мануелен менувач, а со бензинецот ќе се нуди и опцијата за полу-автоматски CVT менувач. Интересно е штo HR-V ќе се нуди и во Северна Америка, а во Европа јапонскиот производител ќе цели кон веќе докажаните и успешни модели како што се Peugeot 2008 и Nissan Juke. HR-V ветува многу простор во внатрешноста благодарение на централно-поставениот резервоар за гориво, како и магичните седишта на Honda кои дозволуваат импресивна флексибилност со ентериерот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.