full screen background image
Search

Бензините и дизелот поевтинуваат за еден денар!

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од вечерва на полноќ бензините и дизелот поевтинуваат за еден денар!

Согласно методологијата за пресметка на цените на горивата, Регулаторната Комисија за Енергетика ги пресмета и ги објави новите малопродажни цени на горивата. Од вечерва на полноќ, цените се намалуваат во просек за 1.2%, односно за еден денар. Тоа значи дека од вечерва еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава по цена од 77.00 денари, еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе се продава по цена од 78.50 денари, додека еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 65.50 денари.

Како што напоменавме, цените стапуваат на сила вечерва на полноќ, а ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.