full screen background image
Search

Официјално: Mitsubishi Outlander PHEV Concept S

По неодамнешното најавување на хибридниот концепт, Mitsubishi и официјално го претстави Outlander PHEV Concept S.

Концептот е базиран на серискиот Outlander PHEV од кој го влече хибридниот погон. Сепак, дизајнерската студија има значително помодерен дизајн кој најавува „специјален дизајнерски пакет за серискиот Outlander PHEV.“ Предниот дел изгледа модерно и доминантно, а задниот дел го истакнуваат споените задни светла. Целиот автомобил има значителни хромирани детали, а носи и специјална Platinum White боја со дополнителен сјај.

Во внатрешноста доминира црно-црвената комбинација која е одличен контраст на белиот ентериер. Може да се забележат и детали од дрво со сребрени акценти, а централната конзола е инспирирана од традиционалните јапонски лакирани кутии.

Нам концептот ни изгледа одлично, а бидејќи неодамна имавме можност да се запознаеме со Outlander PHEV, со нетрпение очекуваме сериска верзија на овој значително осовременет дизајн.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.