full screen background image
Search

Opel најавува Mokka со нов 1.6-литарски CDTI, ќе дебитира во Париз!

Новиот мотор кој ќе се вградува во Opel Mokka не само што е помоќен, туку е и покономичен од стариот 1.7-литарски CDTI.

Продажбата ќе започне на почетокот на следната година, а новиот мотор е 1.6-литарски CDTI турбодизел кој испорачува 136 коњски сили и 320 Nm вртежен момент. Благодарение на овој мотор, малиот кросовер ќе може да забрза до 100 километри на час за 9.9 секунди и да постигне максимална брзина од 191 километар на час.

opel-mokka-cdti-rear

Кога е во комбинација со 6-степениот мануелен менувач, малата Mokka ќе троши само 4.1 литар  гориво на 100 километри, а емисијата на штетни гасови изнесува 109 грама CO2 на изминат километар. Колку за споредба, новиот мотор има 6 коњски сили и 20 Nm повеќе од досегашниот 1.7 CDTI, троши 0.5 литри помалку и емисијата е пониска за 11 грама на километар.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.