Дебито на новиот концепт на Toyota е закажано за саемот на автомобили во Париз, но две официјални фотографии од футуристичкиот автомобил веќе се појавија на интернет.
Минатата недела Toyota го најави концептот со една прикриена фотографија, но сега веќе имаме две официјални фотографии на кои јасно се гледа како ќе изгледа новиот C-HR концепт на Toyota. Според Toyota новиот C-HR „комбинира нов дизајнерски јазик со возбудливо возачко искуство и хибриден погон.“
Немаме никакви дополнителни информации за компактниот кросовер кој би требало да биде позициониран под RAV4, но наскоро ќе знаеме повеќе кога концептот и официјално ќе биде претставен наскоро во Париз.