full screen background image
Search

Претставени освежените Ford C-MAX и Grand C-MAX!

Ford ги претстави освежените верзии на популарните C-MAX и Grand C-Max кои покрај значителните визуелни и технички промени, ќе добијат и нови EcoBoost и TDCi мотори!

Обата модели доаѓаат со редизајнирана предница која наликува на онаа кај новиот Focus, како и со нови предни светлосни групи кои сега користат LED технологија кај дневните светла. Задниот дел е почист и со поедноставни линии, но повеќе ни се допаѓа изведбата кај помалиот C-Max. Ford ќе понуди и нови бои, како и нови дизајни на фелни со цел потполно да се освежи надворешниот дизајн.

Во внатрешноста ќе се нуди новиот SYNC2 систем за информации и забава кој дебитираше кај Focus, а доаѓа со 8-инчен екран чувствителен на допир кој е замена за  повеќето копчиња на централната конзола. Со тоа се намалува комплексноста во ентериерот, а од Ford кажуваат дека подобри материјали се користени во кабината за подобрување на чувството во самиот автомобил.

Работено е и на намалување на бучавоста – подебело странично стакло во комбинација со подобра изолација ќе ги намалат бучавоста, вибрациите и несаканите звуци во кабината, додека бучавоста во моторот е исто така намалена благодарение на дополнителната топлотна изолација која е пополнета со материјал кој истовремено е и акустичен изолатор. Дополнителна изолација е поставена на моделите опремени со дизел мотори.

Во односна моторите, новите C-MAX и Grand C-MAX ќе се нудат со нов, 1.5-литарски TDCi кој испорачува 120 коњски сили, како и освежениот 2.0 TDCi кој нуди 140 или 163 коњски сили. Ќе се нуди и 1-литарскиот EcoBoost (кој веќе го знаеме од нашиот тест на Ford Focus) кој нуди 100 или 125 коњски сили, но и 1.5-литарскиот EcoBoost кој нуди 150 или 180 коњски сили.

Поврзано:   Ford го претстави новиот купе-кросовер наречен Evos

Покрај новите мотори, обата автомобили добиваат освежен систем за управување, како и преработена суспензија. Ќе се нуди и MyKey технологијата на Ford која овозможува ограничување на максималната брзина, гласноста на аудио уредот, итн. Купувачите ќе можат да добијат и би-ксенонски предни светла со адаптивно осветлување, како и мноштво на сигурносни ипрактични системи.

Премиерата е закажана за саемот на автомобили во Париз. Ние веќе ја возевме тековната верзија на C-Max и автомобилот ни остави впечаток на комфорно и практично семејно возило со јасно препознатливи спортски гени.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.