Новото Toyota Aygo и освежениот Yaris пристигнаа во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новото Toyota Aygo и освежениот Yaris пристигнаа во Македонија!

Новото Aygo, како и фејслифтираниот Toyota Yaris го имаа своето деби пред македонската јавност – ветуваат забава, несекојдневен дизајн и нови технологии!

Според Toyota, инженерските и стајлингот на новото Aygo се размислувани во насоките на потребите на купувачот – а со една цел – да бидат одлично осмилени за да бидат забавни. Новото Aygo е веќе достапно во Македонија и ќе се нуди по цени кои започнуваат од 7990 евра за основниот модел со три врати и X ниво на опрема, додека најскапиот модел ја носи ознаката X-Wave Privacy и со пет врати, автоматски менувач и навистина многу опрема ќе се нуди по цена од 13.390 евра.

Новиот Aygo ветува многу, а ние ќе имаме можност наскоро да поминеме неколку дена со него и подобро да го запознаеме неговиот вистински карактер. Слоганот на Toyota за новиот автомобил е Go Fun Yourself и гордо ја најавуваат забавната страна на Aygo – наскоро ќе дознаеме повеќе!

toyota-yaris-facelift

Покрај Aygo, беше претставен и освежениот Yaris кој ветува порелаксирано урбано живеење. Редизајнирани се предните и задните браници, а сериозно е вложено во опремувањето и подобрувањето на внатрешноста – една забелешка која ние ја имавме за пред-фејслифтираната верзија. Според барањата на постоечките сопственици, подобрено е чувството на просторност и динамичност, кабината е подобрена и постигнато е чувство на повисок квалитет, и конечно – проширен е изборот на бои и опрема. Оние кои сакаат Yaris, ќе можат да го добијат по цена од 10.590 евра за основниот 1-литарски VVT-i со основното ниво на опрема. За оние кои сакаат повеќе, тука е 1.3-литарскиот Dual VVT-i бензинец со 99 коњски сили, или пак 1.4-литарскиот D-4D турбодизел со 90 коњски сили кој чини 16.990 евра. Во понудата може да се најде  и хибридниот Yaris кој чини од 16.490 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.