full screen background image
Search

Новото Kia Sorento уловено сè уште маскирано во Скопје!

Во Скопје начекавме нешто што мислевме дека никогаш нема да го видиме во Македонија – маскирано тест возило кое сè уште е во фаза на развивање!

На прв поглед не успеавме да препознаеме за што се работи, но по внимателно разгледување на паркираното возило успеавме да заклучиме дека се работи за новото KIA Sorento! Иако KIA веќе ги објави првите детали околу новиот SUV, а и неколку официјални фотографии, моделот сè уште не е целосно објавен, ниту пак е започната продажбата во Европа.

kia-sorento-rear

Дебито на новото Sorento на европскиот континент е закажано за саемот на автомобили во Париз. Навистина несекојдневна можност да видиме нешто што не очекувавме дека некогаш ќе го видиме во Македонија!

kia-sorento-rear2

kia-sorento-front2

kia-sorento-side



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.