Honda ги објави првите фотографии од новиот Jazz „прототип“ со кој ја најавува Европската верзија на автомобилот кој веќе се нуди на северноамериканскиот и јапонскиот пазар.
Она што веќе го знаеме за новиот Jazz е дека ќе добие 1.3-литарски VTEC бензинец кој ќе се комбинира со 6-степен мануелен менувач или пак CVT менувач. Силата ќе се пренесува кон предните тркала, а можеме да очекуваме и хибридна верзија да се најде во понудата.
Новиот Jazz е поставен на 15 милиметри подолга платформа и ќе биде долг 3915 милиметри, а меѓуоскиното растојание расте за 30 милиметри на вкупно 2530 милиметри – благодарение на ова зголемување ќе има повеќе простор за патниците внатре, како и повеќе багажен простор. Jazz веќе е еден од најпрактичните мали автомобили, па ова зголемуање е дополнителен адут. Според Honda новиот Jazz ќе донесе и „порафинирано и покомфорно возење како за возачот, така и за патниците, благодарение на новата суспензија“. Премиерата е закажана за оваа есен, а продажбата ќе започне следното лето.