Освежениот Volkswagen Touareg V6 TDI ќе троши само 6.6 литри на 100 километри! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежениот Volkswagen Touareg V6 TDI ќе троши само 6.6 литри на 100 километри!

Volkswagen ги објави спецификациите на фејслифтираниот Touareg, но и новиот V6 TDI кој ќе се вградува во големиот SUV, а кој е исклучително економичен!

Европското лансирање на освежениот Touareg е закажано за оваа есен, а она што купувачите можат да го очекуваат е подобрена аеродинамика и намалена потрошувачка. Во споредба со претходниот модел, потрошувачката е намалена за околу 0.5 литри, а тоа значи дека кај 3-литарскиот V6 TDI со 245 коњски сили потрошувачката е намалена од 7.2 на 6.6 литри. Доколку ја одберете Terrain Tech верзијата со низок пренос потрошувачката паѓа од 7.3 литри на 6.9 литри на 100 километри.

vw-touareg-facelift-interior

Овие подобрувања се должат на аеродинамичките подобрувања на каросеријата и долниот дел на автомобилот, како и воведувањето на гуми со низок отпор на вртење. Купувачите ќе можат да нарачаат и воздушна суспензија која може да го зголеми растојанието од подлогата до 300 милиметри.

vw-touareg-facelift-rear

Купувачите во Европа ќе можат да изберат меѓу V6 и V8 TDI моторите, како и хибридниот V6 TSI + електромотор.

vw-touareg-facelift2

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.