Освежено Volkswagen Polo GTI; добива нов 1.8-литарски TSI мотор со 190 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежено Volkswagen Polo GTI; добива нов 1.8-литарски TSI мотор со 190 коњски сили!

Помалиот брат на Golf GTI добива освежување, но најважниот новитет е токму новиот мотор кој сега има 10 коњски сили и 70 Nm повеќе во однос на претходникот!

Новиот мотор е замена за 1.4-литарскиот турбо-бензинец кој се нудеше кај моделот пред фејслифтот. Дел од  новата ЕА888 фамилија на мотори на Volkswagen, новиот мотор нуди 190 коњски сили и 320 Nm вртежен момент – зголемување од 10 коњски сили и значителни 70 Nm во однос на претходникот. Дополнително, досега Polo GTI можеше да се нарача само со DSG менувач со двојна спојка, а сега купувачите ќе можат да нарачаат мануелен менувач доколку сакаат самите да си ги менуваат брзините.

Забрзувањето до 100 километри на час трае 6.7 секунди, а максималната брзина е 236 километри на час – 0.2 секунди побрзо, односно 8 километри на час повеќе од досега. Автомобилот има и неколку дискретни дизајнерски промени, како што се нови браници, како и достапните LED предни светла, нов панел со инструменти, нов волан, и уште некои дискретни промени. Премиерата е закажана за Париз, а продажбата ќе започне веднаш по завршувањето на саемот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.