Утринска Гимнастика: Nissan Juke R со 1000 коњски сили на Nürburgring! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Nissan Juke R со 1000 коњски сили на Nürburgring!

Juke R на Nissan веќе е прилично налудничаво возило – благодарение на подвозјето и моторот од GT-R. Сепак, овој уникатен Juke R со Руско потекло има на располагање 1000 коњски сили!

Она што руските тјунери од Shpilli Villi Engineering го направиле со овој уникатен Juke R е повеќе од импресивно – покрај 800-те коњски сили извлечени од 3.8-литарскиот твин-турбо V6 позајмен од Nissan GT-R, несекојдневниот автомобил има и дополнителни 200 коњски сили од нитро – за вкупно 1000 коњски сили!

Сепак, ова не е автомобил базиран на оригиналниот Juke R – овој уникатно изработен кросовер има суспензија и делови од подвозјeто преземени од GT-R, а возачот може да избере дали сака погон само на задните или на сите четири тркала. Автомобилот тежи 1600 килограми, а на видеото можете да видите колку е брз!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.