Citroën ќе го претстави C4 Cactus AIRFLOW 2L Concept, ветува потрошувачка од само 2 литри! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Citroën ќе го претстави C4 Cactus AIRFLOW 2L Concept, ветува потрошувачка од само 2 литри!

Со C4 Cactus AIRFLOW 2L Concept, францускиот бренд ветува напредни технологии со цел да се прикаже амбицијата на Citroën да развиве нови иновативни одговори на предизвиците на иднината.

C4 Cactus AIRFLOW 2L Concept е технолошка вежба на Citroën и со овој концепт брендот ветува ниска потрошувачка од само 2 литри на 100 изминати километри. Ова е важен напредок за Citroën, а екстремно ниската потрошувачка е постигната преку оптимизација на дизајнот со 20% подобрување во аеродинамиката, низок отпор на тркалање благодарение на високи и тесни пневматици, користење на лесни материјали и олеснети делови со што е намалена тежината за цели 100 килограми и имплементација на Hybrid Air технологијата со што е остварена заштеда на гориво до 30%.

Проектот беше изведен како дел од програмата за развивање на возило кое ќе троши 2 литри на 100 километри поставена од Plateforme de la Filière Automobile. Целта била да се испорача практично решение за намалување на трошоците за одржување на возилото и домашните трошоци, како и да се намали негативниот еколошки ефект од патување со автомобил. Citroën реши да го искористи C4 Cactus како основа за овој проект, и се посвети кон тоа на купувачите да им донесе повеќе од тоа што е навистина важно во денешно време – дизајн, комфор и корисни технологии по пристапни цени.

Hybrid AIR технологијата комбинира 3-цилиндерски PureTech бензински мотор со систем за складирање на компресиран воздух, хидрауличен мотор и пумпа, како и автоматска трансмисија со епицикличен од. Интелигентен систем го комбинира сите овие уреди за да обезбеди оптимизирана ефикасност при возењето.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.