full screen background image
Search

BMW M4 Cabriolet Individual низ фотографии и видео!

Секогаш со радост зборуваме за М-моделите на BMW – а денес ќе ви го претставиме BMW M4 Cabrio изработен од Individual програмата низ серија на фотографии и видеа!

Individual програмата дозволува персонализација на автомбилот според желбите на купувачот, а овој примерок добил навистина интересен третман. Moonstone металик бојата го прави автомобилот да изгледа како да е прелиен со течно сребро. Тука се и големите 19-инчни фелни, како и Amaro Brown кожата која е користена за да се обвијат седиштата, вратите и централната конзола.

М4 Cabrio го придвижува истиот линиски, 6-цилиндерски турбо-бензинец кој се наоѓа и кај M3 седанот и M4 купето – и испорачува 425 коњски сили од 5500 до 7300 вртежи, како и 550 Nm вртежен момент од само 1850 вртежи во минута. Сепак, M4 Cabrio тежи околу 250 килограми повеќе во однос на купе-изведбата. Може да го набавите со 6-степен манулен менувач, со кој 100 километри на час пристигнуваат за 4.6 секунди, или пак со 7-степен автоматски менувач со двојна спојка, во кој случај забрзувањето до 100 километри на час трае 4.4 секунди.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.