full screen background image
Search

Ian Callum го претстави неговиот, реставриран и освежен Jaguar Mark 2!

Ian Callum е добро познат автомобилски дизајнер кој потпишал неколку од најубавите автомобили на денешницата – но како тој мисли дека треба да  изгледа неговиот Jaguar Mark 2?

Aston Martin DB7, DB9, Vanquish, Jaguar F-Type, Ford RS2000 – тоа се само некои од автомобилите кои се дело на Ian Callum. Сега тој работи за Jaguar, каде неговото најново дело – одличниот F-Type – е вистинско освежување. Сепак, Ian Callum е човек кој ги цени и постарите автомобили, а токму тоа е тема на денешната дискусија – неговиот, рестомодиран Jaguar Mark 2.

Пред неколку дена, Ian Callum и Classic Motor Cars Limited го претставија плодот на нивната 18-месечна соработка. Се работи за реставриран Jaguar Mark 2 кој е дискретно редизајниран од страна на Callum. Тоа ќе биде негов личен автомобил, наменет за негова лична употреба.

Под поклопецот се крие 4.3-литарски V8 бензинец „позајмен“ од Jaguar XK, а силата ја пренесува кон задните тркала преку 5-степен мануелен менувач. Автомобилот е 30 милиметри поблиску до подлогата и поставен на 17-инчни дводелни фелни. Според Callum, поставеноста на Mark 2 веќе била одлилна, но тој сакал уште повеќе да ја подобри.

Целата суспензија е повторно развиена од страна на CMC. Предницата добила уникатно развиен систем за управување, подобрени пружини и делови од суспензијата, како и нагодливи амортизери. И задниот дел доби ново развиена суспензија, како и нагодливи амортизери.

Надворешноста доби нови браници кои сега се „дел од севкупната форма“, заедно со отвори за воздух од страна кои се дизајнирани за да му овозможат подобро дишење на големиот V8!

Поврзано:   Jaguar Land Rover одново ја дефинира иднината на модерниот луксуз!

„Ова е многу личен израз“ – објаснува Callum – „мое старо мислење дека, иако Mark 2 секогаш бил привлечен автомобил, сепак може да биде повозбудлив како во формата, така и во перформансите.“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.