full screen background image
Search

Објавени новите цени на горивата – бензинот и дизелот од вечерва поевтинуваат за денар, односно денар и половина!

Регулаторната Комисија за Енергетика реши да ги почести возачите со нови, пониски цени на горивата. Од вечерва на полноќ ќе плаќаме за нијанса пониски цени за бензините и дизелот.

Согласно методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 1.82%. Тоа значи дека од вечерва цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат по еден денар, и литар од овие горива ќе се продава по цена од 77.50, односно 79.00 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1.50 денари, и еден литар од ова гориво ќе се продава по цена од 66 денари.

Како што напоменавме, новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ, а ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.