TopCar подготвува тјунирана верзија на Porsche Macan – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

TopCar подготвува тјунирана верзија на Porsche Macan

Верзијата на TopCar ќе го носи името Ursa – што значи мечка – и ќе ја има својата премиера за само неколку дена на Московскиот саем на автомобили.

Ursa ќе добие широк бодикит, а внатрешноста ќе биде обложена со нови материјали за да се истакне индивидуалноста на овој модел. Надворешноста ќе добие целосно нов бодикит во форма на нови предни и задни браници, но вистинската трансформација е од страните – каде TopCar додаде елементи за проширување на автомобилот. На задниот дел ќе забележите нов дифузер, како и нови спојлери – еден над задните светла, еден над кровот.

Тралата седела на ADV.1 и се длабоко конкавни – и според нас одлично прилегаат на широкиот бодикит. Во внатрешноста ќе забележите двобојна кожа а интересната игра со бои продолжува и на централната конзола, како и тапацирите на вратите. Насекаде има и TopCar логоа, за случајно да не заборавите за што се работи.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.