full screen background image
Search

Вечерно кино: Излетувањата на овогодинешното WRC Rally Deutschland!

Тукушто заврши овогодинешното Rally Deutschland , а победата му припадна на Thierry Neuville. Сепак, значително поинтересни се излетувањата!

Хаотичен последен ден на ADAC Rallye Deutschland – но Thierry Neuville се искачи од третото на првото место откако Jari-Matti Latvala, а потоа и Kris Meeke излетаа додека беа на водечката позиција. Победата на деветтата етапа од FIA World Rally Шампионатот е првата за Hyundai во нивната прва година. Dani Sordo, кој исто така вози за Hyundai заврши на втората позиција. Третото место му припадна на Andreas Mikkelsen.

Иако мораше да се повелече по две излетувања, Sebastien Ogier сè уште има предност од 44 поени во генералниот пласман пред Latvala. Да победеше овој викенд, Ogier ќе ја освоеше конструкторската титула за Volkswagen. Сепак, резултатите гарантираат шампионска титула за еден од возачите на Volkswagen – Latvala, Ogier или Mikkelsen.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.