Германскиот производител најавува нешто интересно за саемот на автомобили во Москва – што ќе биде тоа можеме само да претпоставуваме, но ќе дознаеме наскоро!
Opel најавува нов модел за овогодинешниот саем на автомобили во Москва кој се одржува од 27ми Август до 7ми Септември. Сепак, сега за сега не знаеме дали се работи за коцепт или пак сериски автомобил. Вака скриен, нам автомобилот ни наликува на малиот Chevrolet 130R концепт кој беше претставен на почетокот на 2012.
Дали ова значи дека Opel ќе понуди мал спортски автомобил? Останува да видиме!