Јапонскиот премиум бренд започна со производство на новиот, контраверзен SUV. Наскоро го очекуваме и кај нас!
Првиот примерок на Lexus NX веќе ја напушти производната лента во фабриката на Lexus во Јапонија. Моделот кој наскоро го очекуваме и кај нас е вистински „исчекор“ за Lexus, бидејќи ова е нивниот прв компактен кросовер кој ќе се нуди со мотор со турбо-полнење. Моделот кој ќе се вика Lexus 200t ќе биде придвижуван од 2-литарски турбо-бензинец со четири цилиндри кој испорачува 200 коњски сили и 350 Nm вртежен момент.
Според претседателот на Toyota Motor Kyushu – Iwao Nihashi – „луѓе околу целата планета се возбудени околу новиот NX. Дилерите го разбираат неговиот потенцијал и бараат од нас да им испорачаме колку повеќе примероци можеме, колку побрзо можеме. Веруваме дека NX ќе биде успешен насекаде и дека ќе стане важен модел во гамата на Lexus”. Според Nihashi, веќе има 6500 нарачки за моделот во Јапонија дека бројката е значително поголема од она што тие го очекувале.