full screen background image
Search

Ново намалување на цените на горивата – бензинот и дизелот со пониски цени!

Регулаторната Комисија за Енергетика пред само неколку минути ги објави новите цени на горивата – од вечерва возачите ќе купуваат поевтин бензин и дизел!

Согласно методологијата за пресметка на цените кои ја користи Регулаторната Комисија за Енергетика, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 1.20%. Тоа значи дека цената на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 1.00, односно 1.50 денари, и еден литар од овие горива ќе се продава по цена од 80.00, односно 81.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 0.50 денари, и еден литар дизел гориво ќе се продава по цена од 67.00 денари.

Овие цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.