full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: The Epic Driftmob featuring BMW M235i!

BMW продолжува да ги изненадува своите обожаватели со интересни и екстремни видеа – а она што денес ќе го видиме е одличното дрифт видео со М235i снимено на улиците на Кејп Таун!

По одличното дрифт видео со BMW M4 снимено на носач на авиони, BMW ни го претставува The Epic Driftmob каде главната улога му припаѓа на M235i а акцијата се одвива на улиците на Кејп Таун. Зад воланите на неколкуте примероци на M235i се светските дрифт-експерти: Samuel Hübinette, Rich Rutherford, Rhys Millen, Conrad Grunewald и Dai Yoshihara, додека на режисерското столче седи Холивудскиот каскадерски експерт Mic Rodgers. Навистина нема потреба многу да објаснуваме – пуштете го видеото и уживајте!

Одличен додаток – покрај Driftmob видеото, BMW ни нуди можност да погледнеме и зад сцените, и да видиме како течело снимањето на ова екстремно видео!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.