Прва фотографија од новиот Jaguar XE седан! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Прва фотографија од новиот Jaguar XE седан!

Ова што го гледаме на фотографијата е најверојатно некоја поспортска верзија, судејќи по S-значката на маската на ладилникот. Веќе ни се допаѓа!

Jaguar ќе соработува со пејачката Emeli Sande, како и со Stella McCartney и Idris Elba за да го промовираат новиот седан преку #FEELXE кампањата. Ова што денес го гледаме е само предниот дел на автомобилот, а ние со нетрпение очекуваме да видиме повеќе.

Jaguar XE треба да биде конкурент на BMW 3, Mercedes-Benz C-Class и Audi A4. Судејќи по тоа што можеме да го видиме, можеме да очекуваме агресивен и модерен дизајн кој наликува на знаменосецот – големиот XJ. Воопшто не би биле изненадени ако Jaguar го понуди најпривлечниот модел во оваа категорија.

Со нетрпение очекуваме повеќе фотографии!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.