full screen background image
Search

Нови фотографии и информации за Fiat Panda Cross!

Fiat ги објави сите детали околу новата Panda Cross, но и грст нови фотографии од малиот урбан SUV!

Најробустната верзија на малото градско возило на Fiat – Panda Cross – ќе се појави во салоните во Септември, а ние ви ги пренесуваме сите детали околу овој мал автомобил.

Автомобилот е базиран врз основата на Panda 4×4, но благодарение на дополнителните заштитни панели и доработениот систем за погон на четири тркала со два диференцијали и електронска блокада на овие диференцијали, теренските способности се подобрени. Кај Panda Cross ќе дебитира и нова функционалност (во овој сегмент), а тоа е Terrain Control селекторот за off-road возење со три различни режими на работа – Auto, Off-Road и Hill Descent Control – тоа значи дека кај малата Panda Cross ќе дебитира систем за автоматско симнување по стрмни удолнини – за прв пат во оваа класа на возила!

Panda Cross ќе се нуди со два мотори. Едниот е 1.3-литарскиот, четири цилиндерски MultiJet II турбодизел со 80 коњски сили и 190 Nm вртежен момент, а другиот е 0.9-литарскиот два-цилиндерски TwinAir турбо-бензинец со 90 коњски сили и 145 Nm вртежен момент. Бензинецот ќе се нуди со специјален 6-степен менувач со пократка прва брзина и ќе троши во просек 4.9 литри на 100 изминати километри, а ќе има емисија на штетни гасови од само 114 грама на изминат километар. Кај дизелот потрошувачката изнесува 4.7 литри на 100 километри, но емисијата на штетни гасови е нешто повисока и изнесува 125грама CO2 на изминат километар.

Интересен податок се и аглите на пристап – 24° напред и 34° позади. Растојанието од подлогата изнесува 161 милиметар кај TwinAir моделот и 158 милиметри кај MultiJet верзијата. Цените сè уште не се објавени, но сигурно ќе ги знаеме наскоро.

Поврзано:   Вака би изгледала нова генерација од легендарната „Пеглица“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.