Панчо ДНК и неговиот Renault Captur најавуваат работно лето! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Панчо ДНК и неговиот Renault Captur најавуваат работно лето!

Панчо ја продолжува соработката и останува дел од семејството на Аутомотив Груп, овој пат потпишувајќи ексклузивен договор со брендот RENAULT.

Тој и ова лето одлучи да му биде работно поради желбата за задоволување на сите љубители на музиката на ДНК, но и на забавите кој тој ги креира, како во домашните, така и во странските ноќни клубови.

Стана сопственик, а воедно и заштитно лице на автомобилот кој е прогласен за најдобар градски кросовер за 2014 година – Renault Captur. Моделот претставува иновативен спој на стилот и функционалноста , исклучително практичен , елегантен , отмен, веќе е брендиран и го носи потписот на Панчо со кој може да се забележи низ градските улици.

Куманово, Охрид, Дојран, Штип, Струга, Кичево и нормално Скопје, се само дел од градовите кои диџеј Шорти ќе ги посети летово. Неговата работа ќе биде крунисана со концертот на ДНК во Охрид.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.