full screen background image
Search

Први фотографии од новиот Smart Fortwo!

Премиерата на новите Smart ForTwo и ForFour е закажана за вечерва, но преку магијата на интернетот, веќе ги имаме првите „протечени“ официјални фотографии!

Ова е новиот Smart ForTwo, а на едната фотографија се гледа и малку поголемиот Smart Fortwo со пет врати. Немаме никакви дополнителни информации, освен првите фотографии, но можеме да забележиме компоненти кои влечат потекло од Renault – што и не е така чудно, со оглед на тоа дека платформата на новиот Smart е истата онаа која се користи и кај новото Renault Twingo.

Повеќе информации ќе имаме наскоро. Сега ви ги нудиме само првите официјални фотографии!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.