full screen background image
Search

Први официјални фотографии од новата Mazda 2!

Иако има уште некое време до официјалната промоција на новата Mazda 2, сепак се појавија неколку фотографии од новиот градски автомобил на јапонскиот производител!

Веќе пишувавме за концептот Hazumi, со кој Mazda го најавуваше својот мал градски автомобил. Интересниот концепт беше одлична најава, бидејќи и нема толку многу разлики меѓу концептното возило и сериското кое денес го гледаме.

За жал, немаме повеќе фотографии, ниту пак повеќе информации но сепак ова е одлична можност „пред време“ да знаеме како ќе изгледа следната Mazda 2 (или Mazda Demio, како што моделот се вика на домашниот пазар). Од она што можеме да го забележиме е дека Mazda 2 ќе има минималистички ентериер кој е во тек со моменталните светски трендови, и истовремено го следи одличнио KODO дизајнерски јазик на брендот.

mazda-2-interior

mazda-2-rear

mazda-2-side



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.