full screen background image
Search

Aston Martin Vantage S V12 Roadster – Најбрзиот Aston со отворен кров!

Најбрзиот кабриолет на Aston Martin носи 6-литарски мотор со 12 цилиндри кој испорачува 565 коњски сили – и постигнува максимални 323 километри на час а забрзува до „стотка“ за само 4 секунди!

Роудстерот го носи истиот мотор какои V12 Vantage S Coupe кој беше лансиран минатата година. 6-литарскиот V12 испорачува 565 коњски сили и максимален вртежен момент од 620 Nm при 5750 вртежи во минута, но дури 510 Nm вртежен момент се достапни од само 1000 вртежи во минута!

Атмосферецот ги придвижува задните тркала преку Sportshift III автоматскиот менувач на Aston Martin со 7 брзини. Роудстерот добива и нова суспензија со три режими на работа – Normal, Sport и Track, карбон-керамички кочници и ZF Servotronic серво-управување.

Како и купето, и роудстерот добива дискретни козметички измени, како што е предната решетка која е обвиена во карбонски влакна, отвори на поклопецот на моторот, и уште некои детали. Во ентериерот, купувачите ќе добијат нови ситни детали, како и ултра-лесни седишта изработени од карбонски влакна. Секако, доколку сакате уште поуникатен модел, тука е Q дивизијата на Aston Martin која нуди дополнителна персонализација на вашето возило.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.