full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Најбрзата полициска ергела во светот!

Веќе неколку пати сме пишувале за луксузната ергела на автомобили што полициските сили на Дубаи ја имаат на располагање – овој пат ќе ви дозволиме тие да ви кажат по нешто за нивните службени возила.

За вистински да ви доловиме колку е импресивна колекцијата на автомобили која ја имаат на располагање, дозволете набрзина да ви наброиме што сè имаат – Bugatti Veyron, McLaren MP4-12C, Aston Martin One-77, Lamborghini Aventador, Audi R8, Ferrari FF, Mercedes-Benz SLS AMG, Bentley Continental, Nissan GTR, Roush Ford Mustang, BMW M6 Gran Coupe, Brabus B63S 700 Widestar, Chevrolet Camaro, Mercedes-Benz SL 63 AMG, и верувале или не, Renault Twizy.

Да размисли човек, да се пријави во полициската академија на Dubai.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.