full screen background image
Search

Volkswagen подготвува специјален Golf Vision GTI за Gran Turismo 6!

Германскиот производител подготвува специјална изведба на Golf GTI за симулаторот на возење Gran Turismo 6, кој ќе се вика едноставно Vision GTI!

Она што досега го знаеме е дека ова ќе биде екстремна верзија на Golf GTI, направена само за Gran Turismo 6. Датумот кој е избран за официјалното претставување  23-ти Мај, односно следната недела. На што ќе наликува овој концепт не знаеме, но можеме да шпекулираме дека ќе личи на Volkswagen Design Vision GTI претставен на минатогодишниот Worthersee GTI Treffen.

vw-gt-vision

Volkswagen веќе објави една скица на почетокот на оваа година, но освен таа скица не видовме ништо друго од концептот наменет за Gran Turismo. Останува да почекаме до 23-ти!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.